Познатата турбо фолкерката ограбена во Будва

Сека Алексиќ со сопругот Вељко шетала низ градот пред настапот во Будва за да се опуштат и јадат сладолед. Меѓутоа штом ја здогледале Сека на улица, фановите притрчале за да се сликаат со неа и да добијат автограм. Пејачката се согласила да се фотографира со нив, а во еден момент ја спуштила чантата на подот зошто и пречела. Таа гужва ја искористил некој мангуп и и ја украл торбата.
-Кога го испочитувала секој обожавател, Сека со Вељко продолжила на вечера. Пејачката сето време била убедена дека сопругот ја зел чантата, но кога седнале во ресторанот, сфатила дека чантата не е кај него, вели извор близок до пејачката и додава:
-Сека сакаше да го земе телефонот за да се јави. Му рекла на Вељко да и ја додаде чантата, а тој и одговорил дека не е кај него. Сека првично мислела дека се шегува, но набрзо сфатила дека е ограбена.
Пејачката не се потресла многу околу тоа. Дури и на настапот таа вечер се пошегувала за настанот.
-Денеска несвесвно усреќив некого. Оној кој ми ја украде чантата, со здравје нека си ги троши парите и убаво да се служи со телефонот. Само здравје да има, телефон и чанта ќе се купат, порача Сека, а публиката со громогласен аплауз ја поздрави. таа во еден момент дури и позајми мобилен телефон од еден од соработнциите за да се јави.
Ново на Сител
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг избори за претседател во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
