Позната е причината за пожарот во автобусот со македонски туристи на „Струма“
Позната е причината за пожарот и локацијата на неговиот првичен извор во автобусот со македонски туристи на враќање од Истанбул, што се случи на автопатот Струма, изјавија за БТВ обвинителот Бисер Михаилов и истражителот Маријан Маринов, кои работат на расветлување на трагедијата.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Маријан Маринов одби да ја открие причината за пожарот и рече дека „ќе им остави на експертите“ кои веќе имаат свои „тези“. Но, истражителот коментира дека во македонскиот автобус било „нанижано“ големо парче заштитна ограда за гумата до влезната врата, била пронајдена „свиткана хармоника“ и „уништена е пластичната цистерна“.
– Можете да замислите какво триење и искри имало, рече Михаилов. Истражителот додаде дека автобусот бил стар и „рециклиран“ во Турција и дека целата опрема му е заменета и допрва треба да се разјасни дали новиот е „нефабрички“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест