Познат идентитетот на убиените во Топанско Поле
Утврден е идентитетот на двете жртви во убиството на булеварот „Македонско - Косовска бригада“ во скопската населба Топанско Поле кое се случило рано утринава.
Станува збор за млади луѓе, едната жртва А.Б. има 28 години, а другата Б.В.24, двајцата од Скопје. велат од МВР.
Полицијата вели дека во 2.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот. „Македонско – Косовска бригада“ се слушнало пукање.
„По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица кои не давале знаци на живот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица. Пронајдени се чаури од огнено оружје, пиштол и автоматска пушка. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“, вели МВР.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај