Пожарот од планината Готен се прошири кон акумулацијата „Турија“
Пожарот на планината Готен, кој гори повеќе од две недели меѓу селата Покрајчево и Злеово во општина Радовиш и во поголем дел е ставен под контрола, денескa се прошири кон акумулацијата „Турија“, кон месноста „Железен дол“, во општина Василево, Струмичко, информираат од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица.
-Таму теренот е непристапен и освен интервенција од воздух нема друг начин да се запре ширењето на пожарот, информираат од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица.
Градоначалникот на Василево, Марјан Јанев, потврди дека пожарот се проширил во атарот на општината и упатил барање до Дирекцијата за заштита и спасување за користење на хеликоптери за гаснење на пожарот.
Инаку, според досегашните информации пожарот зафати површина од околу 30 километри, а првичните проценки се дека изгореа над 200 хектари разновидна шума.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите