Пожарот над Македонска Каменица ставен под контрола

Пожарот над Македонска Каменица кој започна од месноста Валичарско маало е ставен под контрола, но се уште активен. Според информацијата од ЦУК Делчево, првичната проценка е дека со пожарот е зафатена површина од околу 70 хектари висока борова шума.
- Во гаснењето на пожарот од вчера попладне и денеска, учествуваат и два авиона од Дирекцијата за заштита и спасување. Исто така, има и голем број доброволци од месното население, екипи од ЈП Подружница „Голак“ Делчево, од ЈП „Камена Река“, како и ТППЕ од М. Каменица, Делчево, Кочани и Виница, но и од ЈП„ Брегалница“ Делчево, истакнува Драган Балас од ЦУК Делчево.
Тој додаде дека на барање на општината и според првичната проценка за опасноста од пожарот, кој почнал да се шири и кон селото Цера, и поради непристапниот терен, биле повикани да интервенираат и авионите од ДЗС.
Пожарот над Македонска Каменица е активен од вчера попладне од 15 часот, а во моментов се прават напори пламените јазици да не излезат од контрола, поради ветерот и сувата трева.
Ново на Сител
-

Нема кој да казнува за непочитување на Законот за употреба на македонскиот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
-

Неопходна е поголема државна поддршка за спас на земјоделството од климатските промени
-

Антибиотиците ја губат силата, антимикробна резистентност
-

Преглед на вестите од светот
