Пожарот над Гари ставен под контрола, нема никаква опасност по блиските села
Ставен е под контрола големиот пожар во планината Стогово, над дебарското село Гари, област Мала Река и не постои никаква опасност по ова и соседното село Осој, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската Територијална противпожарна единица.
- Со максимални напори на нашите пожарникари и вработените на подружницата „Стогово” на ЈП „Национални шуми” успеавме да ја отстраниме секоја можна опасност од проширување на пожарот. Дополнително ни „помогна" и краткотрајниот дожд, кој иако не беше обилен сепак во одредена мерка беше во прилог на веќе постигнатото, додаде Мифтароски.
Пожарот беснееше три дена и постоеше опасност да се прошири до селото Гари а потоа и Овој, чии жители беа видно загрижени.
-Опжарени се над 70 хектари. Првите два дена гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска зафати и високо стеблеста шума. Апелирам до граѓаните да бидат совесни и да ја почитуваат препораката за забрана на движење во шуми, апелира Мифтароски.
Ова е втор голем пожар на територијата на општината. Претходно голем пожар беснееше над селото Татар Елевци со опасност да се прошири во селата Горно Рајчица и Горно Косоврасти, сој беа зафатени над 30 хектари.
Во неговото гаснење освен дебарските пожарникари, вработени од подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“, како и жители од село Горно Косоврасти, беа вклучени и два „ер-трактори".
Ново на Сител
-
Трамп: За две недели ќе знаеме дали е можен напредок во преговорите за Украина
-
Хегсет нареди припадниците на Националната гарда во Вашингтон да носат огнено оружје
-
Важно е да имаме убаво место за живеење | Каја Шукова | Неформално | Sitel Podcast 110
-
ЦУК: Активен пожарот кај селото Тумчевиште, под контрола се пожарите во Јасен и во прилепско
-
Лајен: ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина
-
Лукашенко во телефонски разговор со Трамп се заложил за прекин на воените акции во Украина
-
Илјадници Италијанки жртви на виртуелно сексуално насилство
-
Вучиќ ги повикува студентите во блокада на разговор, тие му одговорија - Прво распиши избори