Македонија
3. September 2015 - 8:30

Пожарот на Водно целосно изгаснат

Пожарот на Водно кај Теферич е целосно изгаснат, а во текот на ноќта на терен беа останати дежурни екипи.

Командантот на Скопската противпожарна бригада Благоја Менковски утрово изјави дека пожарот е изгаснат уште синоќа и оти е интервенирано со 13 цистерни. 

 

Пожарот кај Теферич избувна вчера попладне, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите беше ставен под контрола и немаше опасност од негово проширување.

Во околината на Теферич имаше пожар и на 21 јули годинава. Тогаш  беа зафатени сува трева и грмушки на околу 3.000 метри квадратни. бак/са/08:09