Пожарот на планината Плачковица се гаси од воздух

Пожарот на планината Плачковица во атарот на селото Јонузлија во Општина Карбинци се гаси со помош на хеликоптер. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов за МИА вели дека пожарот е пријавен утринава и е на непристапен терен, затоа во гаснењето на огнот имаат помош и од воздух.
- Хеликоптерот веќе го гаси огнот, веќе направи и два прелета и сметаме дека со уште еден прелет ќе го локализираме. Овде има екипа на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип со две возила. Теренот е непристапен и затоа од воздух се гаси. Мислам дека за кратко време ќе го локализираме. Во моментов е од мал обем, вели Паунов.
Тој додаде дека на терен се околу 20 ожарникари, вработени во ЈП „Национални шуми“, доброволци од месното население, кои со метли и пумпи можат да го гаснат огнот, а теренски возила не можат да пристигнат до него. Гори висока трева и нискостеблести растенија. Паунов посочи дека надлежните институции веќе имаат индиции дека пожарот е подметнат, а за што веќе се и истражува.
МИА
Ново на Сител
-

Двајца малолетници и скопјанец осомничени за крвничкото тепање во Гостивар
-

Седница на Главниот штаб за кризи посветена на состојбата со водата во Гостивар
-

Трамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документ
-

Притвор за кратовчанката од Куклица: Наплаќала влез, нападнала полицајци и туристи
-

ИЈЗ: Ни доаѓа опасен топлотен бран, не излегувајте на сонце од 11 до 17 часот
-

На „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час
-

До 07:30 часот утрово регистрирани 29 пожари на отворено, два се активни
-

Бројот загинати во земјотресите во Венецуела надмина шест илјади
