Пожарникари го извлекоа телото на кавадарчанец кој загинал по пад од карпа при лов

Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, a пожарникари вчера го извлекле телото. Пожарникарите за да го извлечат телото се движеле по тесни и лизгави карпи.
- До нас беше пристигнато барање за извлекување на безживотно тело на наш сограѓанин кој доживеал несреќа при лов, паднал од карпа висока 150 метри. Веднаш одговоривме на барањето и интервениравме со петмина пожарникари и опрема за работа на височина (алпинистичка опрема). Со придружба од четворица припадници на МВР Кавадарци и двајца членови на фамилијата се упативме кон длабокиот и непристапен стрмен терен. Поради тоа што телото на нашиот сограѓанин се наоѓаше на непростапен и непрооден терен, моравме да користиме опрема за алпинизам, да се врзиме и обезбедиме меѓу себе, да не дојде до дополнителни незгоди, информираат од ТППЕ Кавадарци.
Додаваат дека по целодневен напор по екстремно тешкиот терен телото успешно било извлечено од длабоката бездна и било предадено на органите за безбедност.
МИА
Ново на Сител
-

Масовните протести во Иран продолжуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
