Македонија
8. July 2023 - 16:43

Пожарникар заврши на Клиника по вдишување чад додека гаснел пожар

Вчера во 14.03 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Крсте Асенов“ настанал пожар во стан сопственост на И.М.(73) до Скопје.

Пожарот е изгаснат со интервенција на противпожарната единица Скопје, при што еден пожарникар поради вдишување чад бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Полициски службеници излегле на местото на настанот.