Македонија
24. May 2024 - 16:34

Пожарната се соочува со проблеми во возниот парк

Недостигаат пожарникари во охридската противпожарна служба. 39 те лица не се доволна бројка за да го покријат реонот на Охрид и Дебарца така што се соочуваат со дефицит на вработени.

Остануваат и проблемите со возниот парк кој брои седум возила, сите во исправна состојба но со просечната старост од над 40 годни а  најболната точка за Охрид како туристички центар во делот на заштитата од пожари, е немањето противпожарен пловен објект.

Од почетокот на годинава пожарната од Охрид имала вкупно 202 интервенции од кои 152 се пожари на објекти, отворен простор и пожари на сообраќајни средства.

До крајот на оваа година планирана е набавка на противпожарна цистерна од осум тона, со средства обезбедни преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион и учество на Општина Охрид а во процедура е и проект со Јапонската амбасада за набавка на мало возило за шумски интервенции кое би се користело и во тесните улички во стариот дел на градот.