Пожарите во Грција ставени под контрола

Пожарникарите во Грција денеска успеаја да ги стават под контрола двата големи шумски пожари во Атина и на Пелопонез, но се стравува од избивање на нови пожари.
На сателитската снимка од Грција, која ја објави Европската комисија, можат да се видат двата пожари.
Грчката полиција претходно соопшти дека во текот на денот во Атина уапсени се две лица, едниот Грк, а другиот бугарски државјанин, под сомнение дека случајно предизвикале шумски пожар, кој се прошири кон североисточните предградија на главниот град на Грција.
Двајцата мажи на возраст од 67 односно 58 години ќе бидат изведени пред суд под сомнение дека случајно предизвикале пожар.
Пожарот што вчера избувна во североисточното предградие на Атина, Кареас, во подножјето на планината Имитос, брзо се прошири и се закануваше дека ќе зафати уште две населби. Огнот утрово е ставен под контрола.
Другиот пожар на островор Пелопонез, во близина на пристаништето Неаполи, уништи неколку куќи и голема површина обработливо земјиште.
Вчера ширум Грција регистрирани се околу 80 пожари, а денеска има пожар на островот Скирос.
Грчките власти вчера побараа помош во борбата со пожарите од земјите-членки на Европската унија.
Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казњов денеска изјави дека Париз одговорил на апелите на Атина и оти за Грција се испратени два канадери и еден авион за извидување.
Ново на Сител
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
