-->
-->
Пожари во Македонија: Гореше зграда во Кривогаштани, а во Струга семејна куќа
-->
Уште два нови пожари зафатија станбени објекти низ Македонија. Според информациите на МВР и во двата пожари е причинета само материјална штета.
- На 18.01.2019 во 18.55 часот во Полициско одделение Кривогаштани, Ж.К.(56) од с. Кривогаштани пријавил дека настанал пожар на оџак од зграда во с.Кривогаштани. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Кривогаштани. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициско одделение Кривогаштани.
- На 18.01.2020 во 18.00 часот во Полициска станица Струга, М.Р.(62) од Струга пријавил дека настанал пожар во куќа во негова сопственост на ул.„Ристо Крле“, при што била опожарена кровната конструкција. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Струга. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Струга.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи