Пожар во викендица во Теново, нема повредени

Материјална штета од околу шест илјади евра претрпел Б.З.(38) од пожарот што изминатата ноќ десетина минути по полноќ избувнал во неговата викендичка во Теново лоцирана во месноста „Барник“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Пожарот го пријавил братот на сопственикот М.З.(36). Со интервенција на тетовските пожарникари огнот бил локализиран околу 2 часот и 30 минути.
- Во пожарот и при неговото гасење нема повредени, а според пријавителот вкупната материјална штета се проценува на 6000 евра бидејќи целосно изгорел објектот од приземје, кат и покрив како и комлетната покуќнина внатре - печка на дрва, две маси, тепих, комода, гарнитура, кревети, столчиња и друго . Во текот на денешниот ден ќе се изврши увид и ќе се утврдува причината за пожарот и се друго, појасни Јосифовски
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
