Пожар во стан во Штип, загина едно лице

Едно лице го загуби животот во пожар во станбена зграда на бул. „ЈНА“ во Штип.
Командирот на Територијалната противпожарна единица – Штип, Тони Атанасов за МИА вели дека пожарот е пријавен во 10 часот и 30 минути од соседи по што веднаш е интервенирано со осум пожарникари и две противпожарни возила.
Според она што на лице место го имаат видено пожарникарите е дека мажот веќе бил починат во собата каде што бил пожарот и веднаш го локализирале со што не дозволиле тој да се шири во другите простории и низ станбената зграда.
Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова потврдува дека едно лице го загубило животот, меѓутоа повеќе детали полицијата ќе соопшти по извршување на увидот кој е во тек од страна на јавен обвинител и крим-техника. Таа вели дека по увидот ќе се знае и кои се причините за настанатиот пожар.
Ново на Сител
-

Кошта во Скопје
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
-

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет
