Пожар во складиште за гориво во рускиот град Сочи по украински напад

Пожар избувна во складиште за гориво во рускиот град Сочи на Црното Море по напад со украински дрон, информира денеска гувернерот на Краснодарската територија Венијамин Кондратиев на Телеграм.
Пожарот започна од запален танкер. Кондратиев додаде дека повеќе од 120 пожарникари се мобилизирани за да го изгаснат пламенот.
Регионалниот гувернер напиша дека целта била во областа Адлер во Сочи, каде што минатиот месец загина жена во украински напад со дрон.
Танкерот имал капацитет од 2.000 кубни метри, соопштија локалните службеници на службите за итни случаи, цитирани од руските медиуми.
Во исто време, руската агенција за цивилно воздухопловство, Росавијација, објави на Телеграм дека летовите до и од градскиот аеродром се откажани од безбедносни причини.
Претходно, градоначалникот на Сочи, Андреј Прошунин, објави воздушна тревога.
-Внимание! Постои закана од дронови на територијата на градот Сочи, напиша Прошунин на Телеграм.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме
-

МФ: Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница - силна доверба од меѓународните инвеститори
-

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
-

Различни бројки за загинати во Иран
-

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
-

Средба Муцунски - Ѓорѓиевски: Унапредување на соработката на домашните компании со ДКП
-

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда, сите го сакаат тоа
-

Украинскиот парламент не ги одобри министрите за одбрана и за енергетика
