Пожар во плевна во Вејце, оштетени и два автомобила

Ноќеска во пожар во Вејце изгоре целосно плевна и оштетени се дви возила во неспоредна близина на плевсната. Пожарот избувнал во 1 и 45 минути, а настатата штета се проценува на околу 420 илјади денари.
- Во пожарот што избуванл од неутврдени причини за кусо време целосно изгорел објектот на два ката со 450 бали сено, 9 тони пченица, 8 тони јонѓа, 130 градежни елементи, односно материјали и 4 пластични прозорци што се наоѓале во внатрешноста. Покрај ова оштетени се и две патнички возила „Голф“ со тетовски регистерски таблици оставени во непосредна близина на плевната, информираше портпаролот на СВР-Тетово Марјан Јосифовски.
Тој додаде дека со интервенција на тетовските пожарникари и мештаните пожарот е локализиран, а според сопственикот на плевната вкупната материјална штета се проценува на 420 илјади денари.
Полицијата извршила увид и се работи на утврдување на причината за избувнувањето на пожарот и другите поединости.
Ново на Сител
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
-

Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години
