-->
-->
Пожар во околината на месноста Припор над Кочани
-->

Во пожарот кој избувна попладнево во близина на локалитетот Мактеон крај Кочани гори трева и нискостеблеста шума. Пожарот се шири и на околните ридови и во правец на напуштеното населено место Припор.
Пожарот први го забележале случајни минувачи кои веднаш пријавиле во Кочанската противпожарна единица. Според очевидци, пожарот е настанат поради човечко невнимание.
Набрзо по избувнувањето на пожарот интервенирала и Противпожарната единица на општина Кочани, која со две возила почнала со гаснење. Гаснењето се одвива отежнато поради непристапноста на теренот.
Постои можност пожарот да се прошири кон повисоките ридести предели на Осоговијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
