-->
-->
Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на машко лице кое најверојатно се задушило
-->
Пожар избувнал во куќа во Кавадарци во текот на вчерашниот ден, а пронајдено било тело на машко лице, кое, најверојатно, се задушило, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според Регионалниот центар за управување со кризи - Велес, двајца пожарникари со едно противпожарно возило гаснеле запалена плинска боца во куќа на улицата „Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Пронајдено било машко лице за кое се вели дека најверојатно се задушило.
- Присутни биле и екипи на Итна медицинска помош, кои констатирале смрт на лицето на возраст од 78 години, појаснуваат од ЦУК.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер