Пожар североисточно од Атина предизвика евакуација на неколку илјади лица

Неколку илјади лица во регион североисточно од грчката престолнина Атина денеска ги напуштија своите домови поради шумскиот пожар, што излезе од контрола, соопшти ДПА.
Службата за вонредни ситуации, преку портпаролите и соопштенија на радија и телевизии, ги повика луѓето од регионот на Каламос да ги напуштат своите домови.
Шефот на грчката служба за цивилна заштита Јанис Капакис за грчката телевизија изјави дека „пожарот е многу тежок“.
Премиерот Алексис Ципрас преку Твитер ги повика сите владини служби да ги обединат напорите во борбата со пожарот.
Пламенот веќе уништи десетина куќи. Нема информации за настрадани луѓе, забележува ДПА.
Портпаролот на службата за вонредни ситуации изјави дека уште не е направена конечната проценка на штетите, бидејќи многу од куќите во регионот се наоѓаат во оддалечени зони.
Ново на Сител
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
-

Преглед на вестите од светот
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
-

Од почетокот на годината во струмичко радовишкиот регион откриени над 20 случаи на дрвокрадство
