Пожар на падините на Петрино над Охрид
Шумски пожар попладнево избувна на падините на планината Петрино, над населбата Бејбунар во непосредна близина на градот Охрид, при што со пламен се зафатени околу два хектари површини со ниска вегетација и смреки.
Според информациите од Територијалната противпожарна единица од Охрид, пожарот избувнал во 13:45 часот, а како причина се наведуваат две можности – или човечки фактор или дефект на далноводната мрежа од трафостаницата што се наоѓа во непосредна близина, на што укажува и податокот што попладнево се регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на делови на градот.
Во гаснењето на пожарот се ангажирани речиси сите човечки и технички ресурси на Противпожарната единица од Охрид, како и на Националниот парк „Галичица“.
На ширењето на пожарот му погодуваат и временските прилики, односно високите температури и засилениот ветар што попладнево почна на дува во Охрид.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Герард Кестел, Меѓународниот институт за социјални студии во Холандија
-
Средба Николоски-Караџов: Брзо да се финализира договорот за изградба на железнички тунел
-
Кочовска: До овој момент нема понуда за пругата од Коридорот 10
-
Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, аналитичарите не очекуваат исчекор во македонските евроинтеграции
-
Филипче во Берлин ќе лобира против „современ“ македонски јазик
-
ЗНАМ до средината јули ќе ги објави кандидатите за градоначалници
-
По одлуката на Уставен, ВРЕДИ и ДУИ се судрија за пописот во 2021
-
Пазарниот инспекторат констатирал зголемување на цените во маркетите, но не биле повисоки од пред замрзнувањето