-->
-->
Пожар на армискиот полигон Криволак
-->
Пожар од поголем обем има на армискиот полигон Криволак. За пожарот биле известени надлежните во АРМ и било побарано интервенција со хелихоптер заради непристапниот терен, информираа попладнево од Центар за управување со кризи.
Од РЦУК – Велес ја информирале централата на ЦУК во Скопје дека според информацијата добиена од од дежурниот во ТППЕ Неготино, на подрачјето на општината Неготино бил појавен пожар на полигонот Криволак.
– Стапено е во контакт со воениот полигон Криволак и не известија дека појавен е пожар на АБХ стариот полигон на непристапен терен. Точното време на појавување не е познато, се смета дека најверојато е тоа во ноќните часови. Изутрината биле известени од дежурниот во полигонот, појаснија од ЦУК.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се одбележува денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј
-
24 мај - Ден на Свети Кирил и Методиј
-
УКИМ одбележува 75 години од формирањето
-
На УГД отворена лабораторија за квантитавни истражувања во економски и организациони науки
-
Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Свечена академија во чест на Националниот ден на Власите
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата