-->
-->
Повторно штрајк на германските машиновозачи за зголемување на платите
-->
Голем број машиновозачи во Германија денеска стапија во штрајк, вторпат овој месец, барајќи зголемување на платата. Синдикатот на машиновозачите на германската железница Дојче Бан повика на штрајк што започна ноќеска во 2.00 часот и кој треба да трае до среда во 2.00 часот.Синдикатот бара зголемување на платата за 3,2 проценти и еднократен „корона бонус“ од 600 евра.
Дојче Бан вчера најави дека е подготвена да преговара за бонус за оваа година и ги повика претставниците на синдикатот да се вратат на преговарачката маса.
Понудата на железницата не беше прецизирана, а синдикатот одлучи да продолжи со планираниот штрајк.
Околу една четвртина од возовите во меѓународниот сообраќај денеска сообраќаат низ Германија, како и околу 40 отсто од регионалните возови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
