Повторно се тресе регионот, земјотрес во Зеница
Земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди реонот на босанскиот град Зеница, што предизвика вознемиреност кај населението.
Како што соопшти Управата за цивилна заштита на Зеничко-добојскиот Кантон, земјотресот се случил нешто по 22 часот на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар во зеничката населба Локвине, на околу 70 километри северно од Сараево.
Според директорот на кантоналната Управа за цивилната заштита, Џавид Алиќиќ нема информации за жртви, а не е предизвикана ниту поголема материјална штета, освен што делови на Зеница останале без струја.
Босанските медиуми јавија дека земјотресот предизвикал вознемиреност кај жителите на Зеница, поради што многу од нив ги напуштиле своите домови и поголем дел од ноќта го минале под отворено небо.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава
-
Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024