Македонија
21. September 2015 - 11:16

Повторно отворен Кабинетот по радиодијагностика во „Идадија“

 Во Поликлиниката Идадија  во ЈЗУ Здравствен Дом Скопје од денеска повторно почнува со работа Кабинетот по радиодијагностика. 

Во Кабинетот ќе работи доктор-специјалист по радиодијагностика  преземен од приватна во јавна здравствена установа, во рамки на  огласите на Министерството за здравство за преминување на доктори-специјалисти  од приватното  во  јавното здравство.

Следејќи ги потребите на граѓаните  и залагањето  за доближување на здравствените услуги спрема местото на живеење, како што информираат од Здравствен дом Скопје, преземени се активности  за  опрема и кадар и по четири години повторно почнува со работа Кабинетот за рентген дијагностика во Поликлиника  Идадија.

Во Кабинетот ќе се вршат  рентген  графии на скелет, заби и ехо дијагностика, а ќе работи секој работен ден во прва смена со закажани прегледи преку Мој термин.