Свет
14. October 2015 - 19:42

Површините под опиум во Авганистан намалени за 20 отсто

Површините под опиумски афион во Авганистан годинава се намелени за 20 отсто, што претставува прво намалување на производството на оваа индустриска култура од која се добива опиум во последниве шест години, покажуваат податоците на Канцеларијата на ОН за наркотици и криминал (УНОДЦ) и на авганистанското Министерство за борба со наркотици.

Според овие податоци, во 2015 година со опиумски афион биле засадени 183.000 илјади хектари, додека лани таа површина изнесувала 224.000 хектари. 

УНОДЦ наведува дека главна причини за намапување на површините под овој вид афион во Авганистан се неповолните временски услови во текот на оваа година, но и кампањата на Владата во Кабул против производството на опиум.