Повредите се видливи: Кога Наташа ја отвори вратата, нејзиниот изглед не шокираше!
Лука Лазукиќ, мажот на Наташа Беквалац, во бессрамно интервју за српските медиуми раскажа дека неговата сопруга е позната како жена која е подготвена на се.
Тој рече дека постои можност Наташа сама себеси да се повредила за да му наштети, а модриците на нејзиното лице и раце ги окарактеризирал како „повреди од антицелулит масажа“.
Лазукиќ исто така раскажа дека тој ја финасирал изградбата на куќата на поп ѕвездата во Ченеј, а вложувал пари и во нејзиниот стан на Дедиње. Иако за своите тврдења немал никакви докази, Лука сепак сакал да се испере од фактот дека физички ја нападнал сопругата..
Ситуацијата која претходела на тепањето на поп ѕвездата потсетува на вистинско холивудско сценарио. Имено, Беквалац тој ден по завршените обврски со бебето отишла во музичкото студио за да ги преслуша песните за новиот албум.
-Наташа во попладневните часови, кога ја подмирила Катја, отишла кај своите долгогодишно соработници во студиото. Тие за неа подготвиле материјал за новиот албум и сите биле возбудени поради проектот кој требало да се појави на почетокот на летото.
Таа му се јавила на Лука дека таму ќе се задржи неколку часа, и тогаш дознала дека отишол на забава со друштво. Како и до тогаш, апсолутно не се противела на тоа, открива „Ало“ од извор упатен во ситуацијата.
Тогаш и пукна филмот и тргнала да го земе неговиот телефон за да докаже дека знае дека е неверен. Во тој момент Лука ја удрил со бокс во глава, открива изворот.
Соседот на поп ѕвездата Наташа Беквалац открија дека кај неа на посета доаѓаат само сестрите, а кога екипата на „Ало!“ заѕвонила на нејзината врата Наташа им отворила.
Кога ги здогледла, ги замолила да не ја фотографираат, а нејзините миленичиња истрачале од станот.
Новинарите забележале дека Беквалац не носи брма, а на влезната врата имало кутии во кои биле спакувани работите на Лазукиќ како и кошаркарска топка.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот