Повредени седум лица во Скопје
Еден пешак е потешко повреден, а седум лица се полесно повредени во три од вкупно седум сообраќајни незгоди што во изминатите 24 часа се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во четири од сообраќајките е причинета материјална штета.
Сообраќајната полиција открила и санкционирала 15 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената предвидена со сообраќајниот знак.
Од сообраќај биле исклучени 10 возачи пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило и 11 возачи кои имале нерегистрирани возила. Санкционирани се и тројца возачи кои поминале на црвено светло, 11 кои не дале првенство на минување на пешаци, петмина за неправилно престројување и двајца за неправилно престигнување.
Поради непрописно паркирање со специјалното возило „пајак“ се подигнати 79 возила.
Сообраќајната полиција презела мерки и кон тројца пешаци кои не ја поминале улицата на пешачки премин.
Во рамки на сообраќајно-воспитниот проект „Сообраќајна култура за децата во предучилишните установи“, денеска ќе се реализираат едукативни работилници со деца од средната и големата група во детската градинка „Росица“, објект „Пампурче“ во Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-

Америка го суспендира издавањето на иселенички визи за 75 земји, на списокот и нашата земја
-

Апел за помош - Исчезнат е Златко Максимовски
-

Со василичарско оро и палење на маските заврши Вевчанскиот карневал
-

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине
-

МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование
-

Заврши лидерската средба
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
