-->
-->
Повредени десет работници во Куманово
-->
Десет работници се повредени при изведување на градежни активности на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „АВНОЈ“ во Куманово, информираат денеска од Општата болница Куманово, а случајот го потврди и СВР Куманово.
Повредените работници се префрлени во кумановскиот Ургентен центар и од нив двајца, според директорката на болницата Снежана Захариева, се префрлени на Ургентен центар на скопските клиники.
-На останатите работници им се пружа помош во кумановската Општа болница. Се вршат испитувања и нивната здрвствена состојба и понатаму ќе се следи, изјави директорката Захариева.
Од СВР Куманово потврдија дека кај нив е пријавен случај дека има повредени градежни работници и информираа дека екипите се на терен и вршат увид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска