-->
-->
Повредени четворица малолетници и 21-годишно момче, откако возило излетало од патот Ржаничино - Таор
-->

Со повреди се здобиле четворица малолетници и 21-годишно момче, откако возило излетало од патот Ржаничино - Таор на скопската територија, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното денеска во еден часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје, на локалниот пат Ржаничино - Таор, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од скопското село Орешани, излетало надвор од коловозот.
- Во несреќата, со повреди се здобиле возачот, двајца сопатници и една сопатничка на возраст од 17-години и 21-годишниот сопатник Б.Г., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, појаснија од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Скопје.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
