Повредени 11 лица во 10 сообраќајки во Скопје

Единаесет лица се повредени во 10 сообраќајки евидентирани во изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје. Двајца пешаци и патник во автобус се здобиле со тешки телесни повреди, а другите се полесно повредени.
Од евидентираните 10 сообраќајки, четири се со последица материјална штета и три со телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден возач на мотоцикл.
Регистрирани се и три незгоди со последица тешка телесна повреда. Едната се случила во 7 часот на ул. „Јужен булевар“ помеѓу патничко возило „фијат пунто“ и пешак во која со тешки телесни повреди се здобил пешакот. Втората се случила во 12 часот и 45 минути на ул. „11 Октомври“ во која автобус на ЈСП „Скопје“ нагло закочил при што двајца од патниците во автобусот паднале и едниот се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди. Третата незгода се случила во 13 часот и 20 минути на ул. „Радишанска“ помеѓу мотоцикл и пешак во која пешакот се здобил со тешки телесни повреди, а возачот на мотоциклот со полесни повреди.
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол, 11 возачи управува возило со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола, девет возачи не поседувале возачка дозвола, како и седум возачи кои користеле мобилен телефон додека возеле. Санкционирани се и девет возачи на мопеди кои сториле прекршок по различни основи.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „11 Октомври“, објект „Чаир“ која се наоѓа на подрачјето на општина Бутел.
За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
