Повреден моторциклист и сопатник малолетник од село Новак

Малолетник од село Новак, општина Центар Жупа е тешко повреден откако паднал од моторцикл, што го управувал негов соселанец, кој се здобил со полесни повреди.
– Во дебарското одделение за внатрешни работи, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа пријавено е дека во селото Новак, општина Центар Жупа, О.А.(22) од истото село, управувајќи мотоцикл марка „Јонвеи“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, заедно со неговиот малолетен сопатник, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.
Тој додаде дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишниот сопатник од истото село, а мотоциклистот О.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница во Дебар.
Од болницата потврдуваат дека повредените се вон животна опасност.
И покрај апелите за почитување на сообраќајните правила и прописи и засилените акциски контроли кон возачи на велосипед со мотор, мопеди и моторцикли, сепак голем е бројот на лицата кои возат со поголема брзина од дозволената, без задолжително носење кацига, а уште побројни се оние кои возат без возачка дозвола.
– Само пред два дена полициските службеници регистрираа и санкционираа седум прекршоци сторени од овие возачи, најчесто управување без заштитна кацига, без возачка дозвола и нерегистрирани мотор, мопеди и моторцикли, вели Димоски, повторувајќи го апелот.
Ново на Сител
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
