Повик до подржувачите на ИД да извршат напад во Вимблдон
Џихадисти од милитантната група Исламска држава (ИД) ги повикаа своите истомисленици кои дејствуваат како „осамени волци“, да извршат терористички напад на тенискиот турнир во Вимблдон, по примерот на оној во Манчестер, јавија лондонските медиуми, повикувајќи се на разузнавачки извори.
Според овие извори, еден џихадистички канал на интернет ги повикувал осамените бомбаши-самоубијци да нападнат цели на годинешниов тениски турнир во Вимблдон, што ќе трае до 16 јули.
Разузнавачки агенции веќе надгледуваат една карта на комплексот тениски терени и нивната непосредна околина, која е дистрибуирана на каналот, заедно со повикот за дјствување до прикриените џихадисти на британска територија.
Каналот на интерент каде се појавила картата е познат како „Лоун Муџахид“ и на него е поставен проглас во кои се бара од напаѓачите да се „инспирираат од Манчестер Арената“.
Во нападот овој овој британски град, извршен на излезот на големата концертна хала „Манчестер Арена“ непосредно по завршувањето на еден поп концерт, беа убиени 23 лица, најголем број тинејџери и деца, а 100 други беа ранети од страна на бомбаш самоубиец, британски муслиман по потекло од Либија.
Организаторите на годинешниов тениски турнир изјавуваат дека безбедносните мерки се исклучително заострени, особено по трите терористички напади во Велика Британија - прво на лондонскиот мост Вестминстер во непосредна близина на зградата на Парламентот, па во Манчестер, а потоа и на Лондон Бриџ и во блискиот Бороу Маркет.
Специјални полициски сили вооружени со огнено оружје патролираат околу тенискиот комплекс, на кој секој ден има десетици илјади гледачи и посетители.
Ново на Сител
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште