Повеќе од половина граѓани сметаат дека дијаспората треба да има право на глас
Над половина од граѓаните сметаат дека дијаспората треба да има право да гласа на избори, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 52% од граѓаните сметаат дека дијаспората треба да има право на глас. 33,4% мислат дека иселениците не треба да гласаат во земјава додека 14,6% немаат одговор на ова прашање.
Младите до 29 години се тие кои во најголем број се изјасниле за тоа дека дијаспората треба да гласа. 57,5% од анкетираните кои се помлади од 29 години сметаат дека дијаспората треба да гласа. Најголем број противници правото на глас за дијаспората има меѓу граѓаните на возраст меѓу 40 и 49 години. 38,3% од граѓаните од оваа група сметаат дека дијаспората не треба да има право на глас.
Дури 68,4% од студентите сметаат дека дијаспората треба да гласа, додека 42,1% од вработените во приватниот сектор се против.
Етничките Албанци во поголемо мнозинство поддржуваат гласање на дијаспората. 66,4% од нив се за тоа иселениците да имаат право на глас, додека само 12,8% се против.
Кај етничките Македонци ситуацијата е малку поинаква, а граѓаните се далеку поподелени. 47,2% од анкетираните етнички Македонци даваат поддршка за гласање на дијаспората, додека 40,3% се против.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена по нарачка на Детектор во периодот од 4 до 7 октомври врз репрезентативен примерок од 1106 испитаници.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста