Повеќе од десет лица настрадаа во невреме на Алпите
Најмалку десет лица настрадаа во пет одделни инциденти на швајцарските и француските Алпи. Меѓу настраданите се седум скијачи, двајца планинари и еден водич.
Петмина скијачи од Франција, Италија и Германија настрадале откако за време на прошетка ги зафатило невреме и ноќта ја минале на отворено, на ниски температури и на височина над 3.200 метри, во областа Пињ д’Арола, соопшти полицијата во швајцарскиот кантон Вале.
Полицијата соопшти дека пет лица, кои се наоѓале во критична состојба, починале во текот на ноќта.
Исто така, потврдено е дека двајца француски скијачи настрадале во друга несреќа на француските Алпи.
Во тек е потрага по уште двајца планинари, но таа е одложена поради лошите временски услови.
Италијанските медиуми објавија дека загинал и еден Италијанец, водич, кој предводел организирана екскурзија.
Руски планинар, исто така, се води како исчезнат, а се претпоставува дека е загинат.
Ново на Сител
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда