-->
-->
Повеќе од 45 милиони случаи на коронавирусот во светот
-->
Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 45 милиони и сега изнесува 45.207.651 случаи, според податоците на веб-страницата Ворлдометерс.
Од почетокот на пандемијата, 1.184.057 луѓе починале од последиците од вирусот, а закрепнале 32.896.925.
Активни се 11.126.669 случаи, од кои еден процент, или 82.230, се во критична состојба.
САД сè уште водат по бројот на пациенти и смртни случаи, со потврдени 9.175.543 случаи и 233.745 жртви.
Следат Индија со повеќе од осум милиони пациенти, Бразил со над 5,4 милиони заразени, Русија со над 1,5 милиони случаи, Франција и Шпанија со над 1,2 милиони и Аргентина и Колумбија со повеќе од милион заразени.
Другите држави имаат помалку од еден милион регистрирани случаи на коронавирус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи
-
Врховен суд ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици
-
Основните и средни училишта во Кочани должат 10,5 милиони мкд кон КПЈ „Водовод“
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи