Свет
28. December 2022 - 15:36

Повеќе од 200 возила учествувале во верижен судир во Кина

Над 200 возила учествувале во верижна несреќа на автопат во централниот кинески град Женгжу, а едно лице загина, пренесуваат тамошните медиуми.

До оваа несреќа дошло поради слаба видливост од магла, јавија државните медиуми, и голем дел од повредените останале заробени во своите возила.