Повеќе од 200 луѓе се уште се водат како исчезнати по земјотресот во Јапонија
Бројот на исчезнати лица по силниот земјотрес што на 1 јануари го погоди западниот брег на Јапонија денеска се зголеми на околу 200, а е потврдено дека загинале 94 лица, објавија јапонските медиуми.
Владата го удвои бројот на војници распоредени во областа на катастрофата на 4.600 за поддршка на службите за итни случаи. Според извештаи во медиумите, околу 100 луѓе останале под урнатите куќи.
Урнатините, оштетените патишта, одроните и последователните потреси продолжуваат да ги попречуваат напорите на спасувачките тимови.
Во префектурата Ишикава, најтешко погодената, најмалку 700 луѓе сè уште се отсечени од надворешниот свет.
Новинската агенција Кјодо објави дека околу 30.000 домаќинства останале без снабдувањето со електрична енергија, а 80.000 домаќинства останале без снабдувањето со вода.
Според локалните власти, околу 33.000 луѓе и натаму треба да бидат во стотици засолништа за итни случаи.
По земјотресот на 1 јануари со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, во регионот на Јапонското Море имаше повеќе од 150 последователни потреси.
Ново на Сител
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи
-
Кандидатите за членови на Судски совет ќе чекаат нова сеница за да дојдат на дневен ред
-
Преглед на вести од светот
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот