Потврдено и второто убиство извршено од жител на Добрејци, двете жртви беа пронајдени во водите на браната Турија
Секторот за внатрешни работи Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против М.В (54) од с.Добрејци, поради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело “Убиство “, по член 123 ст.2т.1 од КЗ на РСМ извршено од користољубие на подмолен начин врз А.М (62) од Струмица.
На 13. октомври минатата година во СВР Струмица, од страна на роднина на А.М пријавено е дека на лицето му се губи трага. Од страна на СВР-Струмица во координација со јавен обвинител преземени се низа оперативно-тактички мерки и активности.
Утврдено е дека на 9. октомври минатата година, покојниот А.М. остварил телефонски контакт со пријавениот, по што се сретнале и заедно отишле во адвокатска канцеларија во Струмица, каде бил изготвен писмен меѓусебен договор за купопродажба на недвижен имот помеѓу А.М. како продавач и пријавениот како купувач, за цена од 18.200 евра.
Договорената сума на пари за купопродажба на имотот не била исплатена во адвокатската канцеларија, а од страна на адвокатот пријавениот бил предупреден дека треба парите да ги исплати на трансакциска сметка.
На 9.октомври, пријавениот го извршил убиството врз А.М. во неговиот деловен објект во с.Добрејци, каде го има повикано со изговор да му ги исплати парите за купената деловна просторија, така што го застрелал со огнено оружје со калибар 5,6 мм, а потоа го ставил телото во метален камионски резервоар за гориво, и го потопил во водите на брана Турија на место викано “Рајанци“.
На 5. август годинава околу 15.00 часот, на брана „Турија“ кај место викано “Рајанци“ пронајден е метален камионски резервоар за гориво со машки труп во него. Од извршената обдукција во Судска медицина Скопје утврдено е дека пронајдениот машки труп е А. М.. При обдукцијата бил изваден проектилот со кој бил застрелан при што е утврдено дека се работи за проектил со калибар 5,6 мм, исто како во случајот со претходно убиство на Р.И. од Струмица, чие тело беше пронајдено исто така во водите на брана Турија во непосредна близина на местото каде е пронајден А.М., за што СВР Струмица веќе поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица поради основано соменавање дека пријавениот сторил кривично дело „убиство“.
По наредба на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица пријавениот се наоѓа во притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело “Убиство“ по чл.123 од КЗ.
Инаку, СВР Струмица против осомничениот убиец М.В. од Добрејци на 16. мај 2019 година до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава за извршено кривично дело „Убиство“ од чл.123 ст.2 т.1 од Кривичниот законик бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот на 7.мај годинава година на свиреп и подмолен начин го лишил од живот Ристо Илјашев а потоа се обидел да го прикрие убиството. По наредба на јавен обвинител билепревземени повеќе дејствија, извршени се претреси на повеќе локации, организирана е опсежна потрага по лицето особено во реонот на браната Турија, каде е забележано возилото на осомничениот. Обезбедени се и други материјални докази. Дополнително во работилницата сопственост на осомничениот во село Добрејци пронајдени се биолошки траги кои потекнуват од жртвата.
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%