Потврдена доживотната затворска казна за шефот на „Коза ностра“, Матео Месина Денаро
Жалбениот суд во Калтанисета, Сицилија, Италија, вчера ја потврди доживотната казна за веќе затворениот шеф на сицилијанската мафија „Коза ностра“ – Матео Месина Денаро, поради неговата вмешаност во десетици убиства, бомбашки напади, смрт на 12-годишно момче…
Тука спаѓаат и бомбашките напади во 1992 година, кога загинаа судиите против мафијата, Џовани Фалконе и Паоло Борселино. Судот го прифати барањето на јавниот обвинител дента кога Италија ја одбележува 31-годишнината од бомбашкиот напад на Вија Д’Амелио во Палермо каде што загинаа Борселино и петмина негови обезбедувачи.
Шефот на Коза Ностра, кој 30 години беше во бегство, е фатен во јануари во клиниката за рак во Палермо. Тој сега се наоѓа во затворот со максимална безбедност во Л’Аквила.
Денаро, инаку, е осуден и за убиството на Џузепе ди Матео кој во 1993. имал само 12 години. Мафијашот го организирал киднапирањето на детето за да се принуди неговиот татко да се откаже од сведочењето против мафијата. Тој го држел момчето во заробеништво повеќе од две години (800 дена), потоа го задавил и го растворил телото во киселина.
Меѓу пресудите е и онаа за бомбашките напади на верски и уметнички знаменитости во Милано, Рим и Фиренца во 1993 година, кога загинаа 10 лица, а 40 беа повредени.
Ново на Сител
-
Меѓунарадните набљудувачи со оценка дека изборите биле организирани ефективно, забелешки за законодавството
-
Владина делегација положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, во чест на 9 Мај
-
Српските медиуми за изборните резултати и победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова
-
Мицкоски: Одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии
-
Атина очекува да ги чуе позициите на новата Влада во Скопје, а потоа ќе коментира
-
Митрески го чека извештајот од ДИК и ќе закаже седница за инаугурација на Сиљановска Давкова во недела во 12 часот
-
Мазутот поевтинува, цената на бензините и дизелот не се менува
-
Вкупно 538 случаи на голема кашлица до 2 мај, регистрирани првите од Крушево