Потресно сведочење: Џихадистите сомлеа 250 деца во машина за леб
Сиријката Алис Асаф, чиј син го убиле џихадистите на ИСИС, во интервју за англиските медиуми опиша досега невидено злосторство на муслиманските фундаменталисти во таа земја.
Нејзиниот син бил претепан до смрт зошто одбил да се претстави со муслиманско име, бидејќи нивното семејство е христијанско.
Алис рече дека биле принудени да живеат по подруми, зошто војската на ИСИС го освоила нивното предградие, но не наведува за кој град се работи.
Потоа опиша неколку незамисливи ѕверства, но со напомена дека тоа го слушнала, но не и дека го видела.
Така исламските фанатици, фатиле шестмина мажи кои работеле во една пекара, па ги убиле и ги испекле во печката за леб.
Таа слушнала и дека над 250 деца се убиени така што се сомлени во машина за мешање леб.
Алис рече дека џихадистите, за да ја одвратат сириската војска од контранапади, држеле четиригодишни деца како жив штит на балконите од зградите и куќите.
Погледнете го ова сведочење за ужасот во Сирија.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата