Потресно: Дејан се роди со срце на десната страна, низ животот се бори со бабата која ја нарекува „мама“

Двегодишниот Дејан е роден пред време со срце на десната страна, црн дроб на левата и со две слезини. На шест месеци добил излив на крв во мозокот, а тогаш му е откриена и циста на мозокот, а потоа му се развила и епилепсија.
Прогнозите не биле добри, лекарите му рекле на семејството да не се надеваат премногу, но веќе две години Дејан јуначки со бори со тоа и тоа сам со бабата Милунка. Неговата мајка е на лекување, а таа нејзина состојба значително се влошила по породувањето.
Низ оваа борба, Дејан оди со својата баба која ја вика “мамо“.
Дејан често има напади, пие големо количество лекови, не може да јаде и со разни сирупи се одржува во живот. Не оди во градинка зошто може да направи само 10 чекори, но и покрај се е многу расположен и комуникативен.
Покрај тоа што Дејан има многубројни здравствени проблеми, постои уште еден: тој со пензијата од баба му едвај сврзуваат крај со крај.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
