Потресна исповед на Наташа: Ме киднапираше на пат накај училиште, ме мачеше 8 години, поради тоа не сакам да имам деца
Волфганг Приклопил ја киднапирал Наташа Кампуш во 1998 година на пат накај училиште и за држел цели 8 години. Избегала на 23 август 2006 година. Сега, 10 години покасно, таа повторно говори за се што проживеала, во моментите кога нејзиниот киднапер е мртов.
10 години откако избегала од својот киднапер Приклопил, Наташа даде интервју во кое зборува за својот нов живот.
Таа во куќата на Приклопил рекла дека е спремна да го земе животот во свои раце. Оваа 28 годишна девојка сака да матурира, оди на пеење и зема часови за јавање, дизајнира накит за своите нови пријатели. Деца не сака да има. Во Виена ја осудуваат сите, но таа тврди дека се носи со својот крст. Ќе објави втора книга „10 години слобода“. Таа вели дека сама сака да ја раскаже својата приказна.
Таа во последното интервју вели дека Приколопил му се восхитувал на Хитлер.
„Сакаше и јас да патам како жртвите на нацизмот. И давал многу малку облека како би покажал дека тој е господар, а ја роб. Ми даваше малку храна, ме ишиша ќелава, ме понижуваше и ме тераше на тешка работа“, изјави Кампуш
Ново на Сител
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво