Балкан
17. August 2016 - 18:35

Потресна исповед на малото девојче: Дедо ми велеше колку ми се убави гаќичките, ми рече да чучнам и...

Дедо не однесе на таванот за да ни ги покаже новите играчки. Мене ме допираше и ми збореше колку ми се убави гаќичките, а на дада и рече да биде добра и да си  игра. Ми рече да чучнам, но јас не сакав. Не ми викаше ниту ме удираше...“ Вака во полиција во присуство на нејзината мајка раскажа 5 годишното девојче, кое наводно дедото Р.М. (63) го терал да го задоволи.

Својот татко во полиција во Пожаревац го пријавила неговата ќерка Д.М. и во пријавата напишала дека на таванот го пресретнала својот татко со спуштени панталони, а веднаш пред него стоеле нејзините две ќерки од 4 и 5 години.

Според неа нејзиниот татко бил во алкохолизирана состојба и се обидувал да изврши обљуба врз девојчињата. Дедото тврдел дена не е виновен и дека ништо не им направил на девојчињата, кои ги сака најмногу на светот.  А за да биде уште по убедлив се колнел во нив.

 Од полицијата велат дека истрагата е во тек. Повеќе детали не може да се дознаат бидејќи се работи за малолетни лица.

 На дедото му е одреден притвор од 30 дена.