-->
-->
Потресна исповед: Дојде да прочита струја и ме допре за градите, а потоа...
-->

Девојка од Сараево во полициска станица во Стар Град пријавила дека вработен во „Електродистрибуција“ во саботата 06.02 оваа година, сексуално ја нападнал!
Таа вчера за „Дневни аваз“ кажала дека била сама во куќата, кога некој заѕвонел на вратата.
- Некој заѕвони, јас отворив и видов дека е човекот кој ја чита потрошувачката на електрична енергија. Тој веднаш започна со вулгарни коментари, по што му реков да запише што му е потребно и да си оди. Додека чекав да ги напише броевите, на шега ми рече дека ќе ми напишел поголема сметка, - вели девојката.
Кога му кажала да напише како што е, тој почнал да ја допира за градите.
- Не ми се веруваше што прави! Се шокирав кога ги осетив неговите раце на себе. Тој човек сексуално ме нападна во мојата куќа, вели потресената жена од Сараево.
Иако била исплашена и во шок, таа изјавила дека успеала да го избрка од куќата и да ја заклучи вратата. Полиција не повикала веднаш, затоа како што вели таа не му го знаела идентитетот и не знаела кого да пријави. Тоа го направила вчера, кога го дознала неговото име.
- Веднаш се јавив во „Електродистрибуција“, но тогаш добив само извинување од операторот, бидејќи за викенд не работат претпоставените. Страшно, завршила таа.
После пријавувањето во „Електродистрибуција“ очекува напаѓачот да биде санкциониран, а има намера и да ги тужи затоа што нивен вработен и нанел душевна болка и сексуално ја нападнал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гаши: Законот за правична застапеност нема да се донесе тајно, кога ќе има услови да се стави на гласање
-

Промоција на новите електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство
-

Современа болница и поквалитетно здравство за граѓаните на Источна Македонија
-

Водата во Гостивар се тестира и се уште не е за пиење
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
