Живот
6. August 2019 - 15:15

Потресна глетка од Кина: Оставиле дете покрај патот, никој не го кренал расплаканото бебе додека чекале полиција

Дете кое боледува од церебрална парализа е оставено покрај пат во Кина, да лежи на прекривка, додека покрај него било оставено шишенце, се гледа на потресната снимка која ја снимиле минувачите кои го пронашле бебето.

Никој не знае како се вика, ниту кога е родено, а се претпоставува дека има нешто повеќе од година дена.

Пронајдено е покрај патот во градот Вишјен во провинцијата Хенан.

Она што е посебно потресно е што апсолутно ниту едно лице не му помогнало на расплаканото дете, туку чекале да дојдат властите. Во бројните коментари на социјалните мрежи, сите се прашуваат едно - па дали некој го гушна бебето!?

Детето потоа го префрлиле во болница каде е утврдено дека боледува од церебрална парализа, а властите веруваат дека токму ова било причина што родителите го оставиле.

Детето не може да оди, ниту да зборува. Детето се наоѓа во Дом за незгрижени деца, каде ќе остане додека трае истрагата и потрагата по луѓето кои го оставил.

Инаку, секоја година во Кина родителите оставаат околу 100.000 деца, кои најчесто имаат здравствени проблеми.