Потребата од згрижувачки семејства е постојана, неопходно е да се зголеми свеста за оваа хумана мисија

- Потребата од згрижувачки семејства е постојана. Потребно е да се зголеми свеста за оваа хумана работа, но и да се направат системски промени за да се овозможи развој на ваквиот тип на семејства, односно да се понудат повеќе мотивирачки решенија од страна на Министерството за социјална политика. Вакви пораки денеска испратија претставниците на надлежните институции на одбележувањето на Денот на згрижувачките семејства.
Директорката на Домот „11 Октомври“ Павлина Трајановска со апел секој што има можност да го отвори својот дом и да подаде рака на децата во социјален ризик.
- Потребно е да се промени целосно менталниот склоп на населението во Македонија, се уште свесноста не е на високо ниво за секој од нас како семејство да почне да размислува, да им помогне на овие деца, да го отвори својот дом и да пружи љубов, поддршка и социјална суверност за овие деца. Формата за згрижување е привремен облик на социјална заштита. Времетраењето на згрижувањето е онолку колку што е потребно и во интерес на самото дете, вели Трајановска.
Според директорката на СОС Детско село Јулијана Гапо, згрижувачките семејства се најдобриот модел за детето и најевтиниот за државата поради што државата треба да стори нешто за да ги мотивира семејствата да згрижуваат. Вели дека потребата од згрижувачки семејства е секојдневна, но за жал нема доволна заинтересираност.
- Потребни ни се системски промени за да се овозможи развојот на згрижувачките семејства, односно да имаме повеќе згрижувачки семејства, а за да го имаме тоа, мора да се понудат некои мотивирачки решенија од страна на Министерството, јас би рекла утре да се отворат 100 згрижувачки семејства, сите ќе бидат пополнети во рок од 48 часа. За жал, нема доволна заинтересираност. Да речеме, ако се јават три згрижувачки семејства, нас ни требаат 10 така што цело време сме во некаков недостиг на згрижувачки семејства, вели Гапо.
Во земјава во моментов има 384 згрижувачки семејства каде се сместени 664 лица и ова е константна бројка низ годините. Сепак, заменик-министерот за труд Ѓоко Велковски вели дека се работи за жива материја која секојдневно се менува.
- Како Министерство заедно со ресурсните центри во Битола и СОСДетското село продолжуваме со кампањата за го зголемиме бројот на згрижувачки семејства за да може сите дечиња кои за жал животната судбина ги оставила на таков момент да имаат каде да се згрижат и да го добијат она што е најблиску до нивниот дом, а тоа е згрижувачкото семејство, вели Велковски.
Согласен е дека бројката на згрижувачки семејства треба да биде поголема за да има во секој момент слободно згрижувачко семејство кое доколку има потреба да згрижи дете во социјален ризик.
- Тоа е тековен процес во кој денес може да немате ниту едно детенце, а утре да се појават повеќе деца кои ќе имаат потреба да бидат згрижени, посочува Велковски.
Покрај кампањата за подигнување на јавната свест, Министерството и директно ги помага згрижувачките семејства со месечна финансиска поддршка.
МИА
Ново на Сител
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
