Потпишување на договор за новата инвестиција „e.GO” во ТИРЗ – Тетово

Во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово денеска ќе биде потпишан договорот за новата германска инвестиција „e.GO”. Ќе се произведуваат електрични возила, а со оваа нова инвестиција се очекува да се отворат 3.000-4.000 нови работни места.
– Ова е за првпат во автомобилската индустрија кај нас да се продуцира целосен автомобил и се разбира за првпат ќе се произведуваат електрични автомобили, наведе Владата во соопштението што беше испратено по одржувањето на 68. седница на која беше донесена одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош.
Придобивките од инвестицијата се многукратни – нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, договори и дополнителна работа за локални компании.
На денешното потпишување на договорот најавено е обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски. На настанот ќе бидат присутни и останати вицепремиери и министри на Владата.
Ново на Сител
-

Судскиот совет ја почна седница за имунитетот и куќниот притвор на судијата Ѓоко Ристов
-

Лажни СМС пораки за казни од „Безбеден град“, МВР апелира на претпазливост
-

МЗ: Првпат се регулираат сите никотински производи со новиот предлог-закон за заштита од пушењето
-

Гроси предупредува: Оштетени се клучни трафостаници, Чернобил остана без надворешно напојување
-

Фредериксен: Данска не преговара за суверенитет, најлошото можеби допрва доаѓа
-

Трамп во четврток во Давос ќе ја потпише Повелбата на Одборот за мир во Газа
-

Затекнати 15 малолетници, од кои 11 пиеле алкохол на прослава во кумановско Доброшане
-

Четири лица завршиле на болница откако настанал проблем во системот за циркулација на вода на базен во Охрид
