Потпишан меморандум за соработка во заштитата на животната средина меѓу Северна Македонија и Романија

Во рамките на просетата на Букурешет по повод учеството во неформалниот состанок на министри за животна средина на ЕУ, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари билатерална средба со романските колеги, министерот за животна средина, Грацијала Леокадија Гаврилеску и министерот за води и шуми Јоан Денеш.
-При тоа, свесни за исклучителната важност на животната средина за здравјето и добросостојбата на сегашната и идната генерација, тие потпишаа Меморандум за разбирање меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и Министерството за води и шуми на Романија за соработка на полето на заштита на животната средина, климатски промени и водните ресурси, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Со потпишувањето на Меморандумот се зајакнува и продлабочува соработката на полето на заштита на животната средина меѓу овие две држави и се отвара можност за реализација на заеднички проекти на нашиот пат кон ЕУ.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
