Потпишан Меморандум за соработа меѓу македонската и косовската комора на извршители

Претседателот на Комората на извршители на Македонија Зоран Петрески и претседателката на Комората на приватни извршители на Косово Емине Шерифи-Љубеничи, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за соработка.
- Како Комора можеме да и дадеме поддршка на Комората на приватни извршители на Косово како со искуството, така и со одредени предлог-решенија кои функционираат во Македонија, а да бидеме и нивна поддршка во воспоставувањето односи со Светската комора на извршители и со останатите земји од соседството, рече Петрески.
Со потпишувањето на денешниот Меморандум за соработка, Комората на извршители на Македонија, како што рече Петрески, го заокружува процесот на воспоставување соработка со коморите од соседството. - Досега имаме одлична соработка со коморите на извршители на Србија, на Бугарија и на Албанија, а од сега соработката се проширува и со Косово, додаде тој.
За жал, како што истакна Петрески, се уште односите со Комората на извршители на Грција не се најдобро формализирани. - Иако коморите на извршители на Македонија и на Грција имаат првични контакти уште пред неколку години, поради познатите политички причини за жал таа соработка не е официјализирана и не е на ниво како со останатите комори, додаде тој.
Имајќи предвид дека извршувањето во Македонија е започнато многу поодамна, Шерифи-Љубеничи рече дека потпишувањето на Меморандумот ќе биде добредојден за унапредување на новиот систем на приватни извршители на Косово.
- Еден од предизвиците е меѓуграничното извршување или соработката во реализацијата на барањата на доверителите кон должниците со седиште или престојувалиште во Македонија или во Косово која, како што рече таа, останува да се уредува од највисоките државни институции.
Ново на Сител
-

Оклахома ги елиминираше Лејкерси и се пласираше во полуфиналето на плејофот
-

Сончево и ветровито време, попладне можен пороен дожд и грмежи
-

Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин
-

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз јужен Либан
-

Песков: Внатрешните разговори во ЕУ за дијалог со Русија претставуваат позитивен сигнал
-

Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид - Кичево влегуваат во последната финална фаза
-

Зеленски: Русија нема намера да ја заврши оваа војна
-

Британски медиуми: Засилени притисоци за оставка на премиерот Кир Стармер
